Европската банка за обнова и развој ЕБОР обезбеди кредитни линии за „Охридска банка", преку кои ќе се задоволат барањата на малите бизниси, како дел од програма за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан е рамка наменета за поддршка на бизнисите во регионот за исполнување на стандардитe на ЕУ. Малите и средни претпријатија во Македонија и натаму имаат потреба за кредити. Оттаму ЕБОР одобри две одделни програми за финансирање за да и' помогне на „Охридска банка", којашто е оценета како амбициозна банка ориентирана кон малите и средни претпријатија, да обезбеди повеќе средства за своите клиенти. Едната програма, во вредност од 10 милиони евра, е наменета за финансирање на капитални инвестиции, обртен капитал и за извозно и пред-извозно финансирање на македонските мали и средни претпријатија. Втората програма во износ од три милиона евра ќе претставува продолжување на тековната линија од Програмата за поддршка на приватниот сектор (ПССФ) во износ од пет милиони евра којашто „Охридска банка", според оцените во ЕБОР, успешно ја користи во изминатите две години.
Европската банка за обнова и развој ЕБОР обезбеди кредитни линии за „Охридска банка", преку кои ќе се задоволат барањата на малите бизниси, како дел од програма за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан е рамка наменета за поддршка на бизнисите во регионот за исполнување на стандардитe на ЕУ.
Малите и средни претпријатија во Македонија и натаму имаат потреба за кредити. Оттаму ЕБОР одобри две одделни програми за финансирање за да и' помогне на „Охридска банка", којашто е оценета како амбициозна банка ориентирана кон малите и средни претпријатија, да обезбеди повеќе средства за своите клиенти.
Едната програма, во вредност од 10 милиони евра, е наменета за финансирање на капитални инвестиции, обртен капитал и за извозно и пред-извозно финансирање на македонските мали и средни претпријатија.
Втората програма во износ од три милиона евра ќе претставува продолжување на тековната линија од Програмата за поддршка на приватниот сектор (ПССФ) во износ од пет милиони евра којашто „Охридска банка", според оцените во ЕБОР, успешно ја користи во изминатите две години. Овие средства ќе се користат за поддршка на развојот на македонските бизниси, преку инвестиции за подобрување на еколошките, здравствените и безбедносните стандарди и квалитетот на производите во согласност со барањата на ЕУ.
Овој двоен пакет за финансирање треба да и' овозможи на „Охридска банка" да им излезе во пресрет на барањата на сегашните и идните клиенти.
„Охридска банка, членка на Сосиете Женерал Групацијата, е посветена да им обезбеди поддршка на своите клиенти - малите и средни претпријатија, за да им помогне да растат и да бидат конкурентни во новиот свет кој ќе дојде по надминувањето на кризата. Во последно време, голем број клиенти ни пристапија со нови инвестициски проекти базирани на цврсти финансиски основи. Овие компании ја заслужуваат нашата поддршка.
За да им помогне да ги остварат своите амбиции, Охридска банка договори ново конкурентно финансирање со ЕБОР, со која ја делиме трајната посветеност кон иднината на македонскиот бизнис", изјави Филип Котора, член на бордот на директори на „Охридска банка".
Елена Урумовска, претставник на ЕБОР за Македонија по овој повод рече дека „'Охридска банка' е најактивната партнер банка на ЕБОР во Македонија"'. „Досега заедно веќе одобривме 15 милиони евра заеми на локалните претпријатија; овие нови трансакции ќе обезбедат дополнително финансирање за малите и средни претпријатија, особено во сегментот до милион евра", дополни Урумовска.
„Охридска банка" а.д. Охрид е постоечки клиент на ЕБОР кој претходно има реализирано три проекта со оваа македонска банка. А од почетокот на своето работење во Македонија, ЕБОР инвестирал повеќе од 1,1 милијарда евра во земјата, во повеќе од 80 проекти.